Centar.mk
вестИЗБОРМАКЕДОНИЈА

Тренчевска ќе ја отвори конференцијата насловена: „Нови форми на вработување на променливиот пазар на трудот“, во организација на Меѓународната организација на трудот, Здружението за трудово и социјално право и Импакт фондацијата

Со почеток во 9:00 часот, во Хотел Холидеј Ин, Скопје, министерката за труд и социјална политика, Јованка Тренчевска ќе ја отвори конференцијата насловена: „Нови форми на вработување на променливиот пазар на трудот“, во организација на Меѓународната организација на трудот, Здружението за трудово и социјално право и Импакт фондацијата.

Конференцијата е во насока на поддршка на националните трипартитни дискусии и носење одлуки за усогласувањето на законодавството и практиките за работните односи со меѓународните стандарди на трудот и применливото право на ЕУ (закони, институции, најдобри практики).

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК