Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Претседателот на ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија Љупчо РИСТОВСКИ, денес имаше обраќање на посебна пригода во Сенатот на Америка

Претседателот на ИНТЕГРА – Македонска конзервативна партија Љупчо РИСТОВСКИ, денес имаше обраќање на посебна пригода во Сенатот на Америка, настан во организација на двајца сенатори Steve Daines, senator Jody Hice and senator James Lankford, Head of Senate Values Actiin Team и притоа оствари протоколарна средба со сенаторот Jody Hice, како и со конгресмени од повеќе држави од Јужна Америка, Америка и Африка.
Во своето обраќање Ристовски говореше за предизвиците на новото време, како во Македонија, така и на тлото во Европа, нагласувајќи ја потребата од нова политичка реформација за ре-фундирање на вредностите, доблеста и интегритетот во политиката, политичките системи и општествата во целина.

Ристовски имаше обраќање и на Легислативниот самит, детално објаснувајќи го притисокот врз Македонија, Македонскиот јазик, историја и култура, од страна на екстремизмите на официјална Грција и Бугарија, како и заканите по регионот од повампирените империјалистички аспирации. Притоа се осврна на слободата како врховен дострел на полната демократија и како основен услов за прогрес и просперитет на нациите и државите.

На посебен настан во Сенатот се одржа Самит за Женева декларацијата за промоција на женското здравје, јакнење на фамилијата и семејните, конзервативни вредности, како и за одбрана на националниот суверенитет на државите наспроти неолибералните и глобалистички трендови низ светот.

Можеби ќе ве интересира

ИЗЛЕЗНОСТА ВО БРВЕНИЦА РАСТЕ – До 13 часот гласале 4.518 граѓани, ДИК со нови податоци

ДЕСК

Расчистено вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена кривична пријава по брза постапка

ДЕСК

ОБИЛНИ ДОЖДОВИ ЈА ЗАФАЌААТ МАКЕДОНИЈА – Локално се очекуваат над 25 литри дожд на квадратен метар

ДЕСК