Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ПОЛИЦИСКА АКЦИЈА НА АВТОПАТОТ – Уапсен државјанин на Египет осомничен за кражба во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против 36-годишен државјанин на Египет поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Тој го сторил делото на 26.10.2026 во хостел во Охрид, каде што престојувал, односно при згодна прилика одзел мобилен телефон и пари од други гости во хостелот, по што избегал.

По преземени мерки, истиот ден во 14:00 часот на автопатот Тетово–Скопје, полициски службеници од СВР Охрид, од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал и семејно насилство и од СВР Тетово го лишиле од слобода.

По ова, судија на претходна постапка од Основен суд Охрид му определил мерка притвор во траење од осум дена.

Можеби ќе ве интересира

25 МИЛИОНИ ЕВРА ЗА НОВ СИСТЕМ ЗА НАВОДНУВАЊЕ – Проектот во Валандовско ќе опфати 1.500 хектари

ДЕСК

ОД ВТОРНИК СЛЕДУВА ЗАТОПЛУВАЊЕ ВО МАКЕДОНИЈА – Температурите ќе достигнат до 19 степени, но се најавуваат магла, дожд и силен ветер

ДЕСК

ПЕТ ПРИЈАВИ ЗА НАСИЛСТВО ВРЗ ЖЕНИ – Во едно деноноќие пријавени демнење, закани и напади

ДЕСК