5.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
danela arsovska
ТЕМАЛОКАЛНОТОП ВЕСТИ

Уште еден неуспех на Арсовска?, Владата ќе ја „преземе“ Универзална сала

Министерството за култура започнува постапка за преземање на Универзалната сала во Скопје. Ова следува откако на последната владина седница била донесена одлука ова Министерство да почне постапка за преземање на концертната сала,бидејќи реконструкцијата што ја започна претходниот градоначалник Петре Шилегов сега веќе подолг период тапка во место. На оваа тема се очекува наскоро состанок да одржат министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска, министерот за локална самоуправа Ристо Пенов и градоначалничката Данела Арсовска.

Според информациите доколку градоначалничката Арсовска одбива да ги предаде ингеренции, тогаш Владата планира овој објект да го прогласи за објект од национален интерес.

Градоначалничката Данела Арсовска не ја продолжи започнатата реконструкција, а објектот повеќе од една година е ограден и стои разурнат. За реконструкцијата на овој симбол на градот Владата издвоила од 1,9 милиони евра.

Арсовска минатата година пред Универзална сала приреди скандал пред медиумите, со кавга со проектантите и претставниците од Асоцијацијата на архитекти. Таа обвини дека проектот не бил безбеден, а проектантот тврдеше дека тој е направен според сите стандарди и одобрен од ИЗИИС.

Спонзорирано: