Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Украински волонтери сошиле македонско знаме во знак на благодарност за хуманитарната помош

Украински волонтери во знак на благодарност за хуманитарната помош од Северна Македонија сошиле македонско знаме со свои раце, објави на Твитер, украинската амбасадорка Лариса Дир.

„Неодамна, партија хуманитарна помош во вид на антибиотици со широк спектар пристигна во Украина од Северна Македонија. Изразувајќи ја својата искрена благодарност за континуираната поддршка и помош што ја дава Северна Македонија, волонтерите се фотографираа со државното македонско знаме кое тие го сошиле со свои раце!“, пишува Дир.

Дел од лековите е доставен и во населеното место Никопол во Дњепропетровската област, која веќе неколку месеци се наоѓа под секојдневно брутално гранатирање од страна на руските војници, известуваат од украинската Амбасада.

Како што нагласуваат, овие медицински средства сега се исклучително потребни и на териториите на соседната Херсонска област ослободена од рускиот агресор, пред се за украинските воени и медицински установи, со кои жителите на Никопол ја поделиле оваа помош!

извор: Frontline.mk

Можеби ќе ве интересира

Костадиновски: Уставната жалба е заедничка точка на институционален дијалог

ДЕСК

Филипче: Намалувањето на ДДВ за горивата не дава ефект – цените растат

ДЕСК

Мицкоски: Од денес 3 денари попуст на сите бензински на ОКТА, во овој момент имаме апсолутно најниски цени на горива во Европа

ДЕСК