10.8 C
Скопје
20. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Спасовски: Бавните и слаби постапки на обвинителството креираат недоверба кај граѓаните во институциите

„Постојат слабости во системот кои не смее да се случуваат. Во одредени моменти мора да имаме жесток одговор, да се прати порака до јавноста дека државата има ефикасни инструменти, бидејќи доколку не се гледа брзо ефектот кај граѓаните расте недовербата“ изјави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во „24 анализа“ на ТВ24.

Тој додаде дека има примери кога Министерството за внатрешни работи собрало доволно докази за одредени случаи, но обвинителството не преземало истражни дејствија и не покренувало случаи.

„Кога имаше пожари во 2018 и 2021 година на неколку места фативме лица кои палат пожари. Ниту еден од нив не отиде во притвор. Прашањето е за институциите, зошто се откриваат овие луѓе ако треба веднаш да се пуштат“ рече Спасовски.

Министерот за внатрешни работи додаде дека секој кој прави криминал мора да одговара и да сноси одговорност.

Спонзорирано: