Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕО

ДРАСТИЧНА ПРОМЕНА НА ВРЕМЕТО: По сончевиот викенд, повторно дождови – Синоптиачрите објавија повеќедневна прогноза

Во понеделник ќе биде претежно сончево и стабилно, освен во крајните југозападни делови каде во попладневните часови ќе има услови за повремен слаб дожд и појава на ретки грмежи. Од вторник до крајот на работната седмица следува период на променливо облачно и нестабилно време наместа со повремен дожд и грмежи.Во понеделник и вторник ќе дува слаб ветер од јужен правец, а од среда ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец. Дневната температура ќе биде во постепено опаѓање.

Прогноза за 27.04.2026
Минимална температура: 3°C до 11°C
Максимална температура: 18°C до 24°C

Сончево со мала локална облачност и услови за ретки грмежи во крајните југозападни делови. Ќе дува слаб до умерен ветер, претпладне од северен, а попладне ќе го смени правецот во јужен.

Прогноза за 28.04.2026
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 16°C до 23°C

Умерено облачно со повремени слаби врнежи од дожд и појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Прогноза за 29.04.2026
Минимална температура: 5°C до 12°C
Максимална температура: 16°C до 22°C

Претежно облачно со врнежи од дожд и појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

СЕ ВЕНЧАВААТ ПОДОЦНА, СЕ РАЗВЕДУВААТ ПОЧЕСТО: Новите бројки ја откриваат брачната состојба во Македонија

ДЕСК

НЕМИР ВО ПРИЛЕП: Татко пријавил дека неговата ќерка била физички нападната

ДЕСК

Николоски: Набавуваме нови 49 возила и опрема за одржување на хигиената низ општините, најголема поддршка од Владата до сега

ДЕСК