Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Скопјанец фатен дело како краде 400 килограмски плочки за пруга

На 15.11.2022 во 16.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази Баба го лишиле од слобода С.Л.(35) од Скопје. Од лице вработено како обезбедување тој бил затекнат при обид со возило „киа пиканто“ со скопски регистарски ознаки, од фабрика да изнесе плочки за пруга со вкупна тежина од околу 400 килограми.

Плочките му биле одземени и вратени на сопственикот, а тој бил задржан во полициска станица. По целосно докумнетирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

ПУКАНО КОН ПОЛИЦИСКИ СЛУЖБЕНИЦИ ВО ГАЗИ БАБА: Скопјанец приведен по бегство

ДЕСК

ИТНАТА ПОМОШ ПРИЈАВИЛА СЛУЧАЈ ВО СВР СКОПЈЕ: Маж пронајден починат во хотел

ДЕСК

Врнежи од дожд во Куманово, пороен дожд во Дојранскиот регион

ДЕСК