Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Петровска: Ковачки криел материјал кој е предмет на истражна постапка

Откако пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ во ТВ соочувањето со министерката Славјанка Петровска прикажа документ, кој наводно потврдувал дека има корупција при испраќање војници на мисика во странство, министерката за одбрана кажа дека Ковачки немал храброст документот да го даде во Јавното обвинителство

-Јас ќе си ја извршам својата задача и со допис ќе се повикам на вечерашнава дебата ‘дека на ден тој и тој ми бил предаден овој документ’ и ќе ја завршам вашата задача и ќе го предадам на истражните органи бидејќи јас повторно ќе кажам не сум истражен орган. Во поглед на ова второ презентирање, затоа што тука немате никакви докази се само ваша конструкција,па тогаш едно прашање, колку долго ова го имате кај вас?, истакна Петровска.

Според неа, со поседување на нешто за кое Ковачки смета дека е доказ и го држи кај себе, тоа е прикривање.

-Чекавте да ве повикам на дебата за да ги кажете овие работи. Еве и ова за да не го губиме времето на гледачите има многу подобри теми за дискусија на АРМ и ова со втор допис ќе го допратам до истражните органи за да можат да проследат. Ова немам намера да го гледам и се повикувам на независноста на истражните органи без разлика на тоа што вие досега сте го криеле ова кое што денес го презентирате, рече Петровска.

Можеби ќе ве интересира

Фрчкоски: Власта се плаши од скандалите за криминал кои ги отворивме, затоа ме напаѓа лично и семејно

ДЕСК

Фрчкоски: Фокусот на мене е дефокус од мигранти за пари, криминал и корупција

ДЕСК

Калеска Ванчевска: Измените на Кривичниот законик спротивни на директивите на ЕУ, шминка за спас на криминалците на власт

ДЕСК