Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Девојка удрила во паркирано полициско возило на булевар во Скопје, при што со повреди завршиле таа и полицаецот

Денеска (16.11.2022) околу 00.30 часот на бул.„Гоце Делчев“ во Скопје, патничко моторно возило „пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.А.(32) од Скопје, удрило во запрено службено полициско возило, по што удрило во полициски службеник и уште едно запрено патничко моторно возило „ауди“ со скопски регистарски ознаки, управувано од М.Х. (27) од Скопје.

Во незгодата со телесни повреди се здобила С.А. и полицискиот службеник, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“.

Увид бил извршен.

Можеби ќе ве интересира

Времето се влошува: Од вторник обилни врнежи и засилен ветер – Синоптичарите ја објавија најновата повеќедневна прогноза

ДЕСК

Верувал дека ќе си врати 40.000 евра, но останал и без уште 3.500!

ДЕСК

Среде бел ден девојка ограбена во Скопје – арамијата употребил физичка сила на автобуска постојка

ДЕСК