Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+Македонија

СДСМ: Левица и Апасиев го земаат Мицкоски во заложништво

Соопштение на СДСМ:

Вистинската опасност за продолжување на европскиот пат на нашата држава доаѓа од Левица и нејзиниот претседател Димитар Апасиев.

Левица во својата програма се противи на евроинтеграцијата и на членство во НАТО.

И уште поголема опасност е дека Левица го зема во заложништво Христијан Мицкоски

Човек без став, визија и одлучност лесно може да биде земен во заложништво, што токму сега се случува со Мицкоски, кому Левица му дише во врат.

СДСМ и демократските сили нема да дозволат патот кон европската иднина да биде напуштен, поради неодговорни пиромани како Апасиев и Мицкоски.