Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+CentarМакедонија

Ковачевски од Гостивар: Се гледаат резултатите од антикризните мерки кои се најголеми во регионот

„Резултатите од антиктизните мерки се веќе видливи. Ја спасивме економијата со два огромни пакети антикризни мерки вредни 760 милиони евра, најголеми според БДП во регионот, потврдено и од ММФ и од Светска банка“ изјави премиерот и претседател на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанската трибина во Гостивар.

Тој додаде дека Владата одговорно менаџира со народните пари и во време на големи кризи успеа да обезбеди раст на платите, на пензиите и да ги поддржи ранливите категории на граѓани и компаниите.

„Со грижа за секој денар од народните пари и вложување онаму каде што е потребно, успеавме и во време на криза да ги зголемиме платите и пензиите, да ги помогнеме компаниите, да ги зауздаме цените. Обезбедивме храна, енергија од домашното производство и намалување на енергетската зависност. Водиме сметка за секој денар на народот и го канализираме на вистинското место“ рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека резултатите од напорната работа веќе се видливи и дека одредени производители веќе ја намалија цената на лебот, а во наредните денови ќе има намалување за 10 отсто на цените на основните прехранбени производи.

„Правиме се за да ги ублажиме последиците од глобалната криза и да го заштитиме стандардот на граѓаните, затоа што најголем дел од расходите во домаќинствата се токму во делот на набавка на храна“ рече Ковачевски.