12.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

ВО ЖИВО: Владата на Република Северна Македонија домаќин на меѓувладината седница со Владата на Република Албанија

Владата на Република Северна Македонија домаќин на меѓувладината седница со Владата на Република Албанија

Денеска ќе се одржи меѓувладината седница помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Владата на Република Албанија.

Линк за следење во живо на официјалниот пречек од 9:45 часот

По официјалниот пречек, предвидена е тет-а-тет средба помеѓу премиерот Димитар Ковачевски, претседател на Владата на Република Северна Македонија и Еди Рама, претседател на Владата на Република Албанија.

Потоа, во 10:15 часот, во свечената сала во Владата на Република Северна Македонија започнува меѓувладината седница каде официјални обраќања ќе имаат премиерите на двете земји. Потоа, следи отворена дискусија помеѓу министрите од двете влади.

Во 13:20 часот на меѓувладината седница ќе се одржи и церемонија на потпишување на Договори и Меморандуми од страна на министрите на двете Влади со цел продлабочување на соработката помеѓу двете земји.

Линкови за следење на официјалните обраќања и меѓувладината седница:

Меѓувладина седница Северна Македонија-Албанија

Премиерите на Северна Македонија, Димитар Ковачевски и на Албанија, Еди Рама во 14:15 часот ќе одржат заедничка прес-конференција во Медија центарот на Владата на Република Северна Македонија. Формат на прашања од акредитираните медиуми од двете земји 2+2.
Линкови за следење во живо на прес-конференцијата.

Прес-конференција на премиерите Ковачевски и Рама

Спонзорирано: