11.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Цените на нафтата паѓаат

На светските пазари цените на нафтата паднаа минатата недела, по три последователни недели раст, бидејќи забавувањето на економскиот раст доведува до слабеење на побарувачката за енергетски производи. Цената на барелот на лондонскиот пазар минатата недела падна за 2,6 отсто, на 95,99 долари, додека на американскиот пазар цената на барелот се намали за 3,9 отсто, на 88,96 долари.

Падот на цените е последица на забавувањето на економскиот раст, бидејќи како резултат на тоа слабее и побарувачката за нафта. Минатата недела беше објавено дека залихите на нафта во САД пораснале за 3,9 милиони барели во претходната недела, достигнувајќи го највисокото ниво од јули 2021 година, што укажува на слабеење на потрошувачката на гориво на Американците.

Од друга страна, цените се поддржани од надежите на трговците дека побарувачката би можела донекаде да зајакне, по одлуката на кинеските власти да ги олеснат мерките насочени кон борба против Ковид-19. Олеснувањето на ограничувањата вклучува скратување на карантинот за блиски контакти на болните и странските посетители на два дена и укинување на казната за авиокомпаниите кои носат заразени патници.

„Првите мали чекори кон олеснување на регулативите објавени од кинеската влада овозможија раст на цените, иако според нас тоа не претставува отстапување од строгата политика на нулта толеранција кон Ковид“, напишаа аналитичарите на Комерцбанк во својот преглед на состојбата на пазарот.

Спонзорирано: