Новите перспективи за унапредување на меѓусебната соработка се дополнети и зајакнати и со сите активности досега во рамките на Отворен Балкан и на Берлинскиот процес, рече премиерот Димитар Ковачевски на меѓувладината седница со Албанија. Според него целта е регионален развој и побрза интеграција на единствениот европски пазар и во Европската Унија.
-Сето ова, и нас како земја, и како регион ќе нѐ направи далеку поатрактивни за странските инвеститори, што во крајна линија ќе значи нови фабрики, нови, добро платени работни места, ќе значи дека нашите млади ќе останат тука дома да работат, да си ја градат иднината и понатаму да го развиваат ова што ние денес го почнуваме. Соработката помеѓу Северна Македонија и Албанија е одраз на посветеноста да ги развиваме нашите држави според европските вредности на меѓусебно почитување, каде взаемната грижата за Албанците во Северна Македонија и за Македонците во Албанија, како алки што нѐ поврзуваат и зближуваат, игра важна улога, рече Ковачевски.
Од друга страна, албанскиот премиер Еди Рама кажа дека се повеќе е јасно дека нема друг пат за соочување со предизвиците на времето и потешкотиите што времето ги носи.
– Од климатските промени до конвенционалните војни освен соработката, создавање на поголеми нови синергии и адаптирање со една состојба каде што сите ние во регионот сме многу мали да бидеме на сметка еден на друг а имаме многу да направиме едни со други. Ние се среќаваме на оваа втора седница заедничка, во еден поинаков контекст од аспект на нашите заеднички напори да бидеме членови на големото европското семејство. На крајот, го поминавме големиот јаз и тортурата за да бидеме спремни, подготвени да ги започнеме преговорите. Постојатно одбивање од страна на ЕУ денес двете наши земји го отворија процесот на преговори и фактички направија еден голем исчекор напред. На 6 ти декември во Тирана ќе се одржи самит на ЕУ со Западен Балкан и ние ќе бидеме таму заедно. Сите желби, проблеми и нашите извори да речеме кои што остануваат да бидеме заедно со останатите земји од ЕУ и верувам дека таму ќе направиме проекција, да направиме исчекор од војната што ја има сега и сите земји да бидат со ЕУ, а со цел ЕУ да не вклучи се повеќе во сите напори за да се организира во пресрет на големите цени на електрична енергија и инфлацијата, рече Рама.
Тој додаде дека од друга страна, за да изградиме еден заеднички план не треба да очекуваме крај на војната за да проектираме иднина.
-Во овој аспект би рекол дека Албанија и Северна Македонија направија подготовка обидувајќи се да се проектираат во иднината, не индивидуално туку и на колектиктвен начин од истиот регион географски, геополитички од аспект на ЗБ како наш регион и ЕУ како наша дестинација. Верувам дека Отворен Балкан ни даде можности да гледаме подалеку во однос на вчера за да разбереме како можеме да го надмимене денес и истовремено да проектираме една иднина која што максимално ќе ги зголеми способностите на нашите земји за да се здобијат со еден поголем простор отколку што е нашиот простор географски сега. Ги видовме резултатите од спогодбите направени во склоп на Отворен Балкан како што сме рекле и ќе продолжиме да бидеме поддржувачи на Берлинскиот процес … Сакам да нагласам дека дојдено е времето да се проектираме повеќе со поголема силина и амбиции и после воениот период и на време да го добиеме максимумот денес. Со способноста да се создаде една попотполна синергија во европската заедница. Ние сме два поврзани садови кои не можат да опстојат еден без друг и треба да работиме заедно за стабилност на двете наши држави. Истовремено за апсолутна хармонија меѓу двата наши народи, меѓу Албанците и Македонците, заклучи Рама.
Според Ковачевски пак, од обраќањето на премиерот на Албанија се видело дека нашите ставови во однос на соработката на двете држави, соработката во регионот и нашиот недвосмислен пат кон ЕУ се идентитечни и само низ заедничка соработка тоа можеме да го направиме на побрз и полесен начин.