Centar.mk
БИЗНИС

Во мај 2026 година 131 723 туристи оствариле 236 727 ноќевања

Во мај 2026 година, од вкупниот број туристи, 19.0 % се домашни, а 81.0 % се странски туристи.
Бројот на ноќевањата во мај 2026 година изнесува 236 727, од кои 24.2 % се од домашните туристи, а 75.8 % од странските туристи, соопшти Државниот Завод за Статистика.

Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на туристите е зголемен за 2.6 %, односно кај домашните туристи има намалување за 4.4 %, а кај странските има зголемување за 4.9 %.

Во периодот јануари – мај 2026 година, во однос на истиот период од претходната година, вкупниот број на ноќевањата е зголемен за 1.0 % така што кај домашните туристи има намалување за 4.1 %, а кај странските има зголемување за 3.3 %.

Можеби ќе ве интересира

Незадоволниот купувач може да ви покаже каде бизнисот губи пари

ДЕСК

Веќе изгубивте пари? Понудата „ќе ви ги вратиме“ може да биде втора измама

ДЕСК

Зеленото усогласување со ЕУ ќе ја чини Црна Гора над три милијарди евра

ДЕСК