6.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
+МАКЕДОНИЈА

Mеѓународна конференција „ОБЈЕКТИВОТ НА МЛАДИТЕ ЗА МИР И ПОМИРУВАЊЕ“

Младите од регионот стојат позади ставот ‘Доволно време градевме мостови во регионот, сега е време за користење на тие мостови. Ајде да преминеме од другата страна на мостот’. Со овој став на младите ќе ја започнеме меѓународната конференција „ОБЈЕКТИВОТ НА МЛАДИТЕ ЗА МИР И ПОМИРУВАЊЕ“  што ќе се одржи од 13-ти до 15-ти ноември 2022 година во Охрид, Северна Македонија.

Конференцијата е клучен настан на проектот „Резилиентен мир – глас за младите“ чија цел е да се посвети внимание на улогата на младите во помирувањето и соработката на повеќе нивоа и блиските региони кои моментално се изложени на ризик од конфликт. Младински сојуз – Крушево, заедно со своите партнери, се залага за социјално кохезивни општества насочено кон младите и градење резилинтност за идни конфликти во регионот и Европа. На конференцијата ќе учествуваат над 60 млади луѓе од регионот на Западен Балкан (Северна Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово). На конференциската сесија закажана за 14ти Ноември (Понеделник) од 10.30 до 12.00 часот воведно обраќање ќе има амбасадорката на САД Н.Е. Анџела Прајс Агелер.

Бидејќи конференцијата е продолжение на претходните акции на проектот, во прилог можете да го најдете клучниот продукт СТАВ ЗА РЕГИОНАЛНИ ПОЛИТИКИ развиен од младите луѓе, учесници на инцијалниот состанок кој се одржа во Јуни, 2022 за време на Преспа Форумот во Охрид, на кој што младите учесници имаа шанса да ги разменат своите ставови со Г-дин Габриел Ескобар Заменик помошникот на државниот секретар на САД за европски и евроазиски пршања и специјален претставник за Западен Балкан, Г-ѓа Кејт Брнз, претходниот амбасадор на САД во Република Северна Македонија и г-дин Ерик Нелсон, поранешен амбасадор на САД во Босна и Херцеговина.

Ве покануваме на медиумско покривање на настанот на 14ти Ноември (Понеделник) од 10.00 до 11.00 часот во хотел Тино, Свети Стефан во Охрид.

Конференцијата е организирана од страна на Младински сојуз – Крушево, со поддршка од Амбасадата на САД во Северна Македонија.

Спонзорирано: