Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СтавВо тренд...

Мицкоски ја кажа вистината за ВМРО-ДПМНЕ

ПИШУВА ЕРОЛ РИЗАОВ за Независен.мк

Македонија може да здивне за својата европска иднина. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски ја кажа вистината за неговата партија соопштувајќи ја гаранцијата за добрососедство со Бугарија што ќе го отвори патот за непречени преговори со ЕУ и брзо членство во европското семејство. Доволни беа две реченици на наводниот иден премиер и да се решат сите пречки во односите меѓу двете држави: „Ванчо Михајлов е дел од историјата на ВМРО ДПМНЕ. Тоа не значи дека ние сме се сложиле со тие политики, но тоа е еден континуитет којшто ВМРО-ДПМНЕ го има преземено и тој континуитет треба да се почитува“.

И што има тука што не е точно. Од збор до збор сѐ си е на своето место, кажано јасно и гласно, освен дилемата дека тоа не значи дека се сложиле со тие политики. Но, треба да се почитува. Ами како. Изненадени, загрижени, разочарани и лути се само тие што ова не го знаеја и не веруваа. Ние што ова го знаеме одамна за континуитетот на Ванчо Михајлов и на ВМРО-ДПМНЕ можеме да му честитаме за нападот на искреност и големата храброст што Мицкоски ги кажа своите и партиски планови и погледи како што рече со почит кон минатото „да се задржиме на денешницата и да гледаме кон иднината на Македонија“. Изненадени сме малку само од фактот колку многу луѓе му верувале на Мицкоски за патриотизмот на ВМРО-ДПМНЕ и за опасноста од „бугаризација и асимилација“ на македонскиот народ во сопствената држава.

Останува само уште еден чекор кон историската цел што побрзо да се одржат предвремени парламентарни избори за веднаш по големата победа на ВМРО-ДПМНЕ да дојде до целосна реализација на тој почитуван континуитет и наследство кој револуционерната партија никогаш не само што не го проблематизирала, туку го ставила во темелите на своето оснивање и делување.

А, колку партиските идеолози не се согласувале со тие политики на Михајлов јасно се гледа што го воздигнаа на висок пиедестал во македонскиот пантеон, како го нарекуваат Музејот на македонската борба за слобода и на жрвите од комунизмот додавајќи му цели 20 сантиметри повеќе во висината над природната величина на восочната фигура на македоноубиецот Ванчо Михајлов. Каде и без преправање на учебниците учениците одат на историски час. Се разбира, и на задолжителана причест и бакнување на неговата рака во родниот му град Штип.

Во големо исчекување сум на реакциите на оние академски корисни будали и коцаревци кои молчеа кога по втор пат се убиваа жрвите на долгата рака на ВМРО со континутетот на ДПМНЕ. Молчеа и кога се менуваа имињата на улиците на народните херои и кога се кршеа во пармпарчиња нивните бисти и споменици. Молчеа и кога преживеаните борци од НОБ ги избркаа од нивните простории и кога тие со солзи во очите маршираа во знак на протест на скопскиот плоштад. Молчеа и кога таткото на литературниот јазик го нарекуваа Коневиќ и џуџето од Небрегово, за сега како папагали да ги повторуваат зборовите на партискиот лидер за опасноста од бугаризација и асимилација, за предавствата и велепредавствата, за менување на историјата, за бугарските клубови, особено на оној посветен на човекот со политиките на почит. После ова секое нивно лелекање за големите опасности треба да оди на вистинската адреса. Инаку ќе служат за потсмев. Така е тоа секогаш кога науката влетува во дневно-партиска политика.

Можеби ќе ве интересира…

  • Biznispro.com
  • Вести +
  • Жена
Ова се сите неработни денови за новогодишните и божикните празници во 2023 година

Со доаѓањето на крајот на старата 2022 година, многумина се прашуваат кои се неработните денови кои следат во декември и јануари со цел да си го испланираат слободното и празнично… Прочитај повеќе

Зеленски: Не му дозволуваме на непријателот да ги исполни своите намери, Русија бележи големи загуби

Украинскиот претседател Володимир Зеленски (Зеленски) зборуваше во ново видео обраќање во кое изјави дека ситуацијата на фронтот е многу тешка. – И покрај екстремно големите руски загуби, окупаторите се обидуваат… Прочитај повеќе

Еве што се случува во телото на жената за време на ПМС: Хормоните се главни виновници за се

Најголема улога во женското репродуктивно здравје имаат хормоните кои регулираат голем број процеси во организмот. Така, под влијание на хормоните може да се забележат одредени појави во телото на жената… Прочитај повеќе