Левица, не треба да се потценува, бидејќи како што поминува времето, таа и Апасиев ќе го земат Христијан Мицкоски како нивен заложник, изјави пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.
Каевски смета дека Мицкоски е слаб, нема визија и став, а е послушник на Никола Груевски. Но затоа, вели портпаролот, како што заканата од Левица расте, Мицкоски станува се поекстремен, а тоа го покажал и со изјавата дека ВМРО-ДПМНЕ е континуитет на делата на Ванчо Михајлов.
„Апасиев и Левица се реалната закана за европската иднина на државата. Нивната политика нема да ја направи земјата посилна туку послаба ако запреме на патот кон ЕУ. Ќе запре помошта од ЕУ, ќе немаме пристап до европските фондови, ќе завладее неизвесност, младите ќе побегнат во други европски земји. Македонскиот идентитет повторно ќе го доведуваат под прашање. Се што досега постигнавме ќе го загубиме. Пироманите од Левица се посилни затоа што Мицковски станува се послаб“, рече Каевски.
Додаде дека СДСМ нема да дозволи тоа да се случи, бидејќи Европската унија е нашата најдобра опција за сигурна македонска иднина.