Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Фестивал на италијанската храна денес на плоштадот во Скопје

Денес, во 13.00 часот, на плоштадот Македонија започнува Фестивалот на италијанска храна, настан во организација на Амбасадата на Р.Италија и ITA -Italian Trade Agency, со кој се одбележува Неделата на италијанската кујна во светот, со цел да се промовира традиционалната италијанска кујна и италијанскиот начин на живот, но и вредности како заедништво, одржливост и иновативност.

Најреномираните италијански ресторани од Скопје ќе се обидат да ги доловат автентичните вкусови на традиционалната кујна на некои од италијанските региони, каде што секој вкус има своја приказна. Промоција и продажба на италијански прехранбени производи, вина, кафе и слатки…
Учесници на настанот се: Таверна Тоскана, Ла Тераца, Ботрега дел Вино, Еуролаб, Пица плејс, Боттега дел Густо, ИТА бренд, ЈЕС паста, Бира Морети и Таверна Наполи.

Настанот предвидува богата и забавна програма, наменета за сите генерации, за љубителите на италијанската храна и култура, ликовен конкурс за деца.

Лотарија за сите оние кои ќе купуваат храна и прехранбени производи за време на Фестивалот и награди од спонзорите COIN CASA, BOTTEGA DEL GUSTО, BOTTEGA DEL VINO, EUROLAB, BIRRA MORETTI, YES PASTA, PIZZA PLACE и ITA BRAND.

Во 13.00 часот настанот ќе го отворат Амбасадорот на Р.Италија, Андреа Силвестри и Сашко Коцев, кои на забавен и уникатен начин ќе ја претстават италијанската кујна.

Посетителите ќе можат да уживаат цел викенд со богата забавна програма до вечерните часови, со многу италијанска музика во живо, дружење и вкусна италијанска храна.

Посебно музичко доживување ќе биде да се слушнат најголемите италијански хитови на сите времиња, од евергрините од 60тите, 70-тите и 80-тите години во изведба на бендовите БОНАДЕА и НИКС до модерниот ремикс на последните летни хитови.

Можеби ќе ве интересира

Жерновски: Власта продава лажен патриотизам, со една рака мавта со знамето дека се Македонци, со другата краде колку што може да се украде

C +

Мицкоски: Повеќе од една милијарда е инвестирано во автопатот Кичево-Охрид, очекувам да биде завршен најдоцна до првиот квартал 2027 година

C +

Од 13 анализирани пациенти, кај деветмина се утврдени сомнителни наоди во скандалот со непотребни операции

C +