Centar.mk
ЛОКАЛНО

Комеморативна церемонија на српските воени гробишта по повод 104 години од завршувањето на Првата светска војна

Градоначалникот на Општина Битола д-р Тони Коњановски присуствуваше на комеморативната церемонија по повод 104 годишнината од Денот на примирјето во Првата светска војна, на српските воени гробишта во Битола.

На настанот, покрај градоначалникот Коњановски, свежо цвеќе положија амбасадорката на Србија во Македонија, Невена Јовановиќ, пратеничката во македонското собрание Олга Лозановска, како и претставници на Заедницата на Срби од Македонија во Битола. На средбата присуствуваа претставници на државните институции и Армијата, како и претставниците на дипломатскиот и воениот кор.

Можеби ќе ве интересира

Герасимовски: На 9 Мај „Нож и виљушка на европска чинија“, гастрономија, музика и дружење во Центар

C +

Жичницата на Водно нема да работи за време на викендот

C +

До 5 јуни можност за отплата на долгови кон Комунална хигиена без камата

C +