На 15.11.2026 во 18:10 часот во гостиварско село, полициски службеници од Полициското одделение Чегране лишија од слобода 35-годишен жител на селото, постапувајќи по претходна пријава дека во дворот од семејната куќа, по претходна расправија, со остар предмет го нападнал неговиот брат. По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.
Извор: Полициски билтен – Полициско одделение Чегране.


