Centar.mk
-МАКЕДОНИЈА

ОСУМ МОБИЛНИ ТЕЛЕФОНИ И СЕДУМ ЧАСОВНИЦИ ПРОНАЈДЕНИ КАЈ 39-ГОДИШНИК – Полицијата се сомнева дека потекнуваат од кражба

На 15.11.2026 во 17:25 часот во с.Равен, гостиварско, полициски службеници од ОВР Гостивар лишија од слобода 39-годишен жител на с.Долна Бањица, гостиварско, постапувајќи по претходна пријава за сторено кривично дело „оштетување туѓи предмети“.

Исто така, во рамки на преземените мерки, кај него биле пронајдени и одземени осум мобилни телефони и седум рачни часовници од различни марки, за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело „кражба“.

Лицето е задржано во полициска станица и по целосно расчистување и документирање на случаите против него ќе следуваат соодветни поднесоци.

 

Можеби ќе ве интересира

ЗАБРАНА ЗА ВОЗЕЊЕ ИМАЛ, НО СЕПАК СЕДНАЛ ЗАД ВОЛАНОТ НА „АУДИ“ – Приведен 41-годишник од Порој

ДЕСК

НА 73 ГОДИНИ ЗАД ВОЛАН БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА – Полицијата го приведе и му го одзеде „реното“ со германски ознаки

ДЕСК

Филипче: Во Буџетот нема пари за зголемување на платите – нема развој, само долгови и камати

ДЕСК