11.8 C
Скопје
28. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
ТЕМАБИЗНИС

Познати ланци на маркети и казина со малверзации плаќале ефтина струја, УЈП и Финансиска полиција ќе им затропа на врата

Ќе бидат ли јавно објавени општините, казината, супер маркетите кои направиле штета од десетици, а можени и стотици милиони евра на државната каса, за што ќе се соочат со финансиската полиција и УЈП, но и обвинителството и судот?

Универзалниот снабдувач ЕВН Хоме ќе ги исфрли од регулираниот пазар сите фирми и општини кои во последните седум месеци го злоупотребија енергетскиот систем и плаќаа цена како домаќинства.

Министерот за економија, Крешник Бектеши најави дека тие имаат рок до 1 декември сами да излезат од пазарот, во спротивно универзалниот снабдувач ќе преземе обврска да ги отстрани и тие да продолжат да купуваат струја на слободниот пазар.

– Злоупотребите што го направија компаниите и општините, а кои нашето министерство ги детектираше уште во месец март веднаш по почнувањето на енергетската криза, ќе завршат наскоро. Сите имаат рок до 1 декември да се исклучат од регулираниот пазар, после тоа ЕВН ќе преземе обврска да ги отстрани. Ние како министерство доставивме извештаи со сите компании до финансиската полиција.

Нивната цел беше да избегнат плаќање на ДДВ од 18% затоа што на регулираниот пазар ДДВ е 5%. Финансиска ќе ги гони сите фирми кои во период од седум месеци го злоупотребија енергетскиот систем – рече Бектеши.

Тој додаде дека од 100 компании кои се префрлиле на регулиран пазар, некои имале право да го направат тоа, а некои не.

– На листите има и големи фирми со над 50 вработени и казина и супермаркети – кажа Бектеши.

Спонзорирано: