Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Се истражува загаденоста на Пеленица

Министерството за животна средина и просторно планирање обезбеди финансиски средства за спроведување на детално истражување на локацијата Пеленица – Рупа, населба Драчево, а врз основа на прелиминарни информации кои укажуваат на тоа дека компанијата ОХИС на оваа локација во 1976 година депонирала одредена количина на HCH- отпад. HCH- отпадот бил спакуван во метални буриња и истите биле депонирани во две јами ископани на локалитетот. Јамите биле обложени со бетонски ѕидови и покриени со земја. Деталното истражување ќе опфати: ископување на сонди и земање и анализи на примероци од отпад/почва; дупчење на бушотини и земање и анализи на примероци од отпад/почва; инсталирање на бунари за мониторинг на подземни води и земање и анализи на примероците од подземните води.

Анализата на примероците ќе се врши во Eурофинс, реномирана лабораторија во Холандија. Врз основа на добиените резултати ќе се направи проценка на обимот и степенот на контаминација, ќе се предложат опции за ремедијација на локацијата и ќе се проценат трошоците за предложените опции за ремедијација.

Се очекува теренските работи да се завршат до 11 ноември, а завршниот извештај со целокупната документација и проценките да биде доставен до крајот на годината.

Можеби ќе ве интересира

Бугарски државјанки осомничени за кражба на банкарски картички и паричници во Скопје

ДЕСК

Викендот носи снежен удар и силен ветер температурите паѓаат под нулата – детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Млада скопјанка се наполнила со пари на туѓа мака – еве како измамила повеќе луѓе

ДЕСК