Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени разбојници во Скопје

На 08.11.2022 околу 22.00 часот на подрачје на Аеродром, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Аеродром и Драчево при СВР Скопје ги лишиле од слобода М.Б.(22) и 16-годишен малолетник, двајцата од Скопје.

Тие се сомничат дека на 07.11.2022 околу 20.30 часот во населба Лисиче-Скопје со закана со тврд предмет од малолетник од Скопје одзеле лични предмети.

Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Смени и освежување во ВМРО ДПМНЕ: Избрани 30 нови претседатели на општински комитети, познати се имињата

ДЕСК

Нова ера за македонското здравство: Три клинички болници и здравствен комплекс вреден 1,5 милијарди евра

ДЕСК

Покачување на 50 отсто на пензиите ако дојде СДСМ на власт – најави Тренчевска

ДЕСК