Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Михаилоски од Струмица: 31 година СДММ е на вистинската страна со квалитетни младински политики

Претседателот на Социјалдемократската младина на Македонија Марко Михаилоски во своето обраќање на трибината „Силно и одлучно кон иднината“ се осврна на 31годишнината на СДММ и најави серија нови активности на Младината за јакнење на младинскиот активизам.

„Ние мора да ги подготвиме идните социјалдемократи кои ќе ја водат државата и во следните децении, затоа што ние сме синонимот на младинското политичко движење. Оваа година ќе работиме на пет столбови на нашиот младински активизам. Тие се: Создавање одговорни млади политичари; Квалитетни младински политики; Јакнење на меѓугенерациска солидарност; Ќе создаваме млади претприемачи; Ќе ги негуваме традициите; Ќе градиме европска младина за Европска Македонија.“ порача Михаилоски.

Михаилоски потсети дека со политиките на СДММ се реализираа низа проекти кои носат придобивки за младите, како укинување на екстерното тестирање, воведување на субвенционирање студентски оброк, младински додаток од 3.000 денари за вработени млади лица до 23 години возраст, зголемени ученички и студентски стипендии, како и воведување на стипендии за постдипломци.

Можеби ќе ве интересира

ЦИКЛОН НОСИ ОБИЛНИ ВРНЕЖИ НА ДОЖД, ВО ДЕЛОВИ ОД МАКЕДОНИЈА ЌЕ ТРУПА СНЕГ: Синоптичарите објавија изненадувачка четириденевна прогноза

ДЕСК

Мицкоски: АД ЕСМ ги задоволува потребите на граѓаните и конзумот и продаваат струја навечер со што имаме дополнителни приходи од страна на потрошувачите

ДЕСК

Димитриеска-Кочоска: И покрај предизвиците и притисокот во Буџетот, Владата внимателно и навремено презема мерки и одлучува во интерес на граѓаните и бизнисот

ДЕСК