Centar.mk
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Костадинов: Струмицо моја и вечерва ја потврди моќта на социјалдемократијата!

Фејсбук статус на Костадин Костадинов:

Во Струмица победува сплотеноста, единството, прогресот.

Огромен број од мнозинството граѓани тоа го препознаваат и даваат поддршка на моите политики.

Струмицо моја и вечерва ја потврди моќта на социјалдемократијата!

Докажа дека сме единствени, неприкосновени, силни, обединети и непоколебливи во водењето на државата напред и само напред кон Европската Унија.

Ја наполнивме спортската сала и ја одржавме најголемата трибина во државата и на сите им покажавме колку сме цврсти и одлучни, им покажавме која е и што е нашата Струмица.

Со полно срце и неизмерна чест и гордост, зборував за успесите на социјалдемократскиот дух во Струмица и државата пред актуелниот претседател на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски, поранешниот Зоран Заев, нашите министри, пратеници, моите сограѓанки и сограѓани.

Сме и ќе бидеме пример за сите како се води Општина и како се сака

држава. Горд сум што сум еден од креаторите и чинителите на највисоките вредности што ги создаде СДСМ.
Горд сум што сакам и можам да работам за нашата Струмица и да им бидам слуга на моите сограѓани.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Ние сме една од првите влади во Европа која оди со намалување на даноците за бензините, но враќаме и 2.5 милијарди евра стари долгови

ДЕСК

Лишени од слобода седум возачи за безобѕирно управување возило, четири од нив возеле без дозвола, по еден со активна забрана и под дејство на алкохол, а еден под дејство на алкохол и со активна забрана

ДЕСК

Поднесено обвинение за тешка кражба на кабли од кругот на скопска „Железара“

ДЕСК