Centar.mk
КУЛТУРА

Концерт на ТАНГО ТРИО

📆 11 ноември 2022, 19:19 часот, 📌 Салон 19:19

Тангото отсекогаш претставувала музичка сензација која најнапред се развила во далечната Аргентина а потоа се преселила на европското копно. Од минатиот век па се до денес тангото ја има препознатливата музичка нота, одликува со впечатливо тонско боење и се поврзува со страста и љубовта.

ТАНГО ТРИО сосема ги проучува и ги пренесува тајните на танго музиката пред аудиториумот како на концертната сцена така и на подот за танцување и сосема го вовлекува слушателот во танго магијата.

ТАНГО ТРИО во состав Ајхан Куртов – пијано, Филип Петрески – хармоника и Пламенка Трајковска – виолина и Мартина Митревска – вокал(како гостин), ќе подготви музичка програма од танго музиката која припаѓа на класичниот репертоар, музичка програма во стилот на танго традиционал и музичка програма во стилот на танго нуево
Програма:
1. A. Piazzolla: „Vuelvo al sur”
2. C. Sarlo: „Bahia blanca”
3. A. Troilo: „Garua”
4. G. Bregovic: „Ausencia”
5. A. Piazzolla: „Oblivion”
6. A. Piazzolla: „Biyuya”
7. A. Villoldo: „El choclo”
8. A. Piazzolla: „Yo soy Maria”
9. A. Piazzolla: „Chiquilin de Bachin”
10. G. Rodriguez: „La Cumparsita”
11. E. Arolas: „Catamarca”
12. R. Galliano: „Tango pour Claude”
13. F. Canaro: „Corazon de oro”
14. A. Piazzolla: „Libertnago”

Можеби ќе ве интересира

Објавен романот „Немам страв“ од Трајче Стамески – психолошки трилер каков што македонската книжевност досега немаше

ДЕСК

Саем на книга ќе се одржи од 23 до 29 април 2026, под слоган “Отвори прозорец кон нови светови”

ДЕСК

„А“ – самостојна изложба на Олгица Антовска: водата како духовна инспирација

ДЕСК