10.4 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk/илустрација
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

ЦУК: едно лице од планинарите е контактибилно, а другото лице паднало од карпа и во тек е спасувачката акција во подножјето на Титов Врв на Шар Планина

По добиен повик за итен случај на 112 во ЦУК, во тек е спасувачка акција во координација на Центарот за управување со кризи (ЦУК), поточно преку Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово, за извлекување на двајца планинари од кои едниот паднал од карпа во провалија и не се знае во каква состојба е во подножјето на Титов Врв на Шар Планина. Како последно известување РЦУК Тетово информира дека од страна на командирот на ТППЕ Тетово, кој се наоѓа на местото на настанот, е добиена информација дека е пронајден едниот планинар, којшто е контактибилен и има лесни повреди на главата, а се врши претрага за пронаоѓање и на другото лице, кое според изјавата на пронајдениот планинар, паднало од карпа и е повредено.
Според информациите, којашто последователно ги добивавме при координацијата на спасувачката акција е дека од МВР хитно имаат упатено специјализиран тим со две теренски возила и дронови за ноќно извидување и претрага. Поточно, Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово извести дека од страна на нашиот вработен кој се наоѓа на Попова Шапка е добиена информација дека две возила ,,хамер” со седум припадници од специјалната единица на МВР, заедно со Началникот на СВР Тетово се тргнати од Попова Шапка и се движат кон Титов Врв. Исто така и ТППЕ Тетово со теренско возило и 5 добро обучени нејзини припадници се упатени на местото на настанот. Сега тие и дејствуваат на место на претрагата кај Титов Врв.
Конкретно, настанот пријавен на 112 хронолошки се развива како спасувачка акција кога едниот од двата планинара прво пријавува дека на Титов Врв, во реон 500м подолу, со неговиот другар оделе кон викендица и се изгубиле. На другарот му се слошило и бил во лоша здраствена состојба, па побарал помош итно да се реагира. Преку 112 во ЦУК е направен конференциски повик со Полицијата во Тетово (МВР – ЦИК Тетово). Потоа, јавувачот на 112 повторно се јавил и известил дека неговиот пријател паднал од карпа во провалија и не знае каде е и во каква состојба е, а исто така информирал дека и тој е попомалку повреден. Бил уплашен и збунет и не можел да информира за каква повреда станува збор.
Веднаш по добиената информација, ЦУК, практично преку Дежурниот оперативен центар во Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Тетово стапува во комуникација со Министерството за внатрешни работи – СВР Тетово и Полициска станица Попова Шапка со коишто по куса координација, со едно теренско возило на Центарот за управување со кризи со човек на ЦУК од Регионалниот центар за управување со кризи Тетово заедно со двајца полицајци од СВР Тетово се упатува кон Титов Врв на Попова Шапка. Во меѓувреме е стапено во комуникација и координација со Територијално противпожарната единица на Тетово од каде што се упатени 4 пожарникари и специјализирано теренско возило на местото на настанот, за да помогнат. Истовремено, од ЦУК преку РЦУК Тетово, е координирано со Брзата помош од Јавната здравствена установа ЈЗУ Тетово и е упатено и медицинско возило со комплетна екипа лекар и медицински персонал да го превземат повредениот.
Спасувачите од ангажираните институции вложуваат максимални напори заради ниските температури или евентуалните посериозни повреди на лицата за коишто немамаме информација во која мера се повредени.

Спонзорирано: