Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведено лице барано со потерница за затворска казна од две години и два месеца

Вчера (7.11.2022), во 15.20 часот, на улицата Нов живот во Скопје, полициски службеници од Оперативниот тим потраги при СВР Скопје ја лишиле од слобода Ш. М. (28) од Скопје.

Таа била барана по централна потерница по наредба на Основниот кривичен суд Скопје за издржување казна затвор од две години и два месеца за сторено кривично дело тешка кражба по член 236 од Кривичниот законик.

Лицето ќе биде спроведено во надлежна казнено-поправна установа за издржување на казната.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски на пуштање на употреба на реконструираните 6 операциони сали во Клинички центар „Мајка Тереза“

ДЕСК

ВАЖНА ВЕСТ ЗА ГРАЃАНИТЕ КОИ ПАТУВААТ ВО ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ НА ЕУ: Започнува електронската евиденција и контрола на граничните премини на државјаните од државите кои не се членки на ЕУ

ДЕСК

Спремете куси ракави: Синоптичарите најавуваат температури до 25°C

ДЕСК