Centar.mk
МАКЕДОНИЈАвест

Османи на тркалезна маса за промоција на конструктивниот капитал во Северна Македонија и Бугарија

На маргините на својата дводневна посета на Бугарија министерот за надворешни работи, Бујар Османи, учествуваше на тркалезна маса на тема „Промоција на конструктивниот капитал во Бугарија и Северна Македонија”, организирана од страна на Центарот за проучување на демократијата.

Во своето обраќање пред присутните гости Османи нагласи дека новиот геополитички контекст, предизвикан од руската инвазија на Украина и членството во НАТО ја наметна меѓу другото и неопходноста на подигнување на свеста за изворот на директните странски инвестиции, гледано преку призма на стратешките интереси и националната безбедност. Во таа насока корозивниот капитал не е веќе ексклузивно прашање кое ги засега само економските ресори.

Според Османи, институционализирањето на инструментите за оценување на директните странски инвестиции кои треба да ја заштитат нашата економија и држава се вклопува со реформската агенда, како особено важен сегмент на нашето членство во ЕУ, но и како дел од Стратешкиот дијалог меѓу Северна Македонија и САД. Моделот кој ќе се избере треба да овозможи тесна соработка со ЕУ, како и нашите соседи, како Бугарија, со која споделуваме заеднички интереси и предизвици, истакна Османи.

На тркалезната маса учествуваа и министерот за надворешни работи на Бугарија, Николај Милков, но и високи претставници на бугарски владини институции на фелата, како и невладин сектор од Скопје и Софија.

Можеби ќе ве интересира

Кузеска: Мицкоски со владин авион на море – работниците на протест со празни џебови

C +

Филипче: Протерување на младите умови, предлог-Законот ги деградира младите кадри

C +

Поплави во повеќе региони во земјава – евакуирани 220 лица во Кичево, критично во Форино, поплавени куќи, ниви, подруми

C +