Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Екс директор во Кратово заработи кривична пријава

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кратово поднесе кривична пријава против И.М.(66) од с.Шлегово, кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“, велат од полицијата.

Пријавениот, поранешен директор на Музеј на град Кратово, на 04.11.2021 сам изготвил договор за дело, склучен меѓу Музеј на град Кратово и М.С. од Кавадарци, потпишувајќи се на договорот во нејзино име, без нејзино знаење, каде што предмет на договорот е фотографирање на спомен обележја во Кратово и кратовско по добиен проект од Министерството за култура. На овој начин пријавениот се стекнал со имотна корист на штета на Буџетот на Република Северна Македонија за 25.000 денари, вели МВР.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Лажниот патриотизам на ВМРО падна: европски пасоши за нив, изолација за народот

ДЕСК

Доаѓа нестабилно време: Пороен дожд, грмежи и силен ветер во следните денови

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Филипче и СДС со политиките на понижување и сервилност го отвораат патот за нови уцени кон Македонија

ДЕСК