Centar.mk
МАКЕДОНИЈАМЕТЕОТЕМАТОП ВЕСТИ

Уживајте во стабилно време до петок, од викендов следува значителен пад на температурите и тмурно време – Метеоцентар со детална прогноза

До петок времето ќе биде стабилно и претежно тивко со магла по одделни котлини. За време на викендот ќе биде ветровито со зголемена облачност и повремени врнежи од дожд, а дневната температура позначително ќе опадне.

Прогноза за 09.11.2022
Минимална температура: -1°C до 7°C
Максимална температура: 16°C до 20°C

Претпладне со магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од јужен правец.

Прогноза за 10.11.2022
Минимална температура: -1°C до 8°C
Максимална температура: 15°C до 20°C

Претпладне со магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер со променлив правец.

Прогноза за 11.11.2022
Минимална температура: 0°C до 8°C
Максимална температура: 13°C до 18°C

Претпладне со магла или ниска облачност по одделни котлини. Во текот на денот променливо облачно, а кон крајот на денот ќе има услови за слаб локален дожд. Ќе дува умерен, наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец.

Можеби ќе ве интересира

За осум часа денеска санкционирани 116 мотоциклисти во Скопје, одземени три мотоцикли

ДЕСК

Четврток носи најголема опасност: Невреме со пороен дожд, силен ветер и можен град

ДЕСК

Од Стајковци до болница: Напад со тврд предмет прераснал во пресметка меѓу две групи

ДЕСК