Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Ковачевски за Сител: Секогаш ќе постојат провокатори, но и кај нас и во Бугарија официјалната политика е за добри односи

Клубовите се придобивка од односите што сега ги имаме со Бугарија, кажа премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Сител, прашан за новотворениот културен клуб во Благоевград. Тој додаде дека сите активности меѓу двете држави треба да се во позитивен дух и во насока на градење доверба и меѓу граѓаните.

-Само така можеме да напредуваме. Доколку Македонците се определиле да отворат клубови тоа треба да биде поздравено од сите, гледам таму некои политичари тоа не го направија. Тие клубови треба да имаат називи кои се соодветни. Веќе информирав и дека Министерството за култура почна процедура за отворање Културно-информативен центар во Благоевград. Јас во Бугарија сум бил на многу средби и ќе одам на отворањето на центарот во Благоевград, рече Ковачевски.

Премиерот додаде дека треба да се испрати порака на пријателство, порака на зближување на граѓаните на двете држави.

-Беше поздравено и добро пренесено во медиумите она што го правиме со Бугарија за изградбата на железницата од Коридор 8. Потпишавме и договор конечно за гасот… Секогаш ќе постојат провокатори, но официјалната политика е за добри односи на Балканот, заклучи Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Расчистен случај со лажна сообраќајка, лишен од слобода скопјанец, одреден му е притвор

ДЕСК

Денеска уште еден евакуациски лет со 147 патници ќе пристигне во Македонија од ОАЕ

ДЕСК

Царинска управа: кривична пријава против девет лица – луксузно возило „Мерцедес-Мајбах“ во 2023 година е пуштено во слободен промет и регистрирано со фалсификувани документи

ДЕСК