Centar.mk
БИЗНИСТЕМА

Убава вест: Пензиите дополнително растат со 6% од март, што ќе биде раст од 16% за една календарска година, најави Ковачевски

Премиерот Димитар Ковачевски кажа дека Владата деноноќно работи за справување со инфлација која е резултат на скапите енергенси. Во гостувањето на Сител телевизија, тој истакна дека веќе е донесена одлуката за цена на електрична енергија што ќе биде дадена на прехранбената индустрија, со цел цената на прехранбените производи, како брашното и лебот, да биде 10 проценти помала.

-Тие ќе се снабдуваат преку ЕСМ за 80 евра по киловат час. Таа цена ќе стабилна, предвидлива и ќе доведе до намалување на производите, што пак ќедоведе до намалување на инфлацијата во делот на прехранбените производи, рече Ковачевски.

Тој додаде дека државата има механизми за справување со кризата и помага со мерки и кон бизнисот и кон граѓаните.

Тој го повтори апелот за штедење на електрична енергија.

-Време е на штедење, а не на изобилие. Сите средства кои се во буџетот се насочени за најранливите категории на граѓани, рече Ковачевски, повторувајќи дека финансиска помош е предвидена и за пензионерите.

-Покрај помошта, оваа година пензијата ја зголемивме за 10 проценти и со променатата методологија а пресметка за март наредната година ќе има зголемување од дополнителни 6 проценти, што е зголемување за 16% за една година, додаде Ковачевски.

Тој истакна дека средствата се веќе предвидени во новиот буџет.

Можеби ќе ве интересира

ГОЛЕМА ПРОМЕНА ВО ЈАВНИТЕ НАБАВКИ – Цената повеќе нема да биде единственото мерило при изборот

ДЕСК

Започнуваат ЕНЕРГО ТЕХНОМА 2026 и САЕМОТ ЗА НЕДВИЖНОСТИ 2026 од 29 до 31 октомври

ДЕСК

Македонија ја претстави 20-годишната стратегија за минерални суровини во Загреб – договорена соработка за геотермална енергија

ДЕСК