Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски за Сител: Од нас зависи европската иднина на младите генерации, тоа не е процес на една партија

Предвремени избори не се поврзани со уставни измени, тоа нема ништо заедничко, ние имаме стабилно мнозинство, рече премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање во интервју на Сител телевизија.

-Самиот Мицкоски кажа дека работел на поголемо мнозинство, но со гласањето за Пенов се покажа дека со 64 ние го имаме мнозинството во Собранието, кажа Ковачевски.

Премиерот, зборувајќи за лидерската средба, кажа дека од нас зависи дали за младите генерации ќе биде обезбедена европска иднина што поскоро, уште во 2030 година.

-Мнозинството партии што присуствуваа се за отпочнување и завршување на уставни промени и тоа е работа на Собранието. Тоа мнозинство е потребно за граѓаните на државата. Процесот на евроинтеграција не е процес на една партија, тоа е наследство уште од нашите предци, кои пред 30 години одлучија за самостојна држава.Доминантниот број на политичките партии се за уставните измени, кажа Ковачевски.

Тој додаде дека понудил заклучоци кои се однесуваат на европскиот пат на државата, што вклучуваат насочување на ресурси за што побрзо завршување на скринингот, Собранието да биде редовно информирано за процесот и доследно придржување до заклучоците што ги изгласа Собранието за европскиот предлог.

Можеби ќе ве интересира

Во месец јануари 15.943 сообраќајни прекршоци, лишени од слобода 74 лица за безобѕирно управување на возило согласно член 297-а од Кривичниот законик

ДЕСК

Димитријевиќ: Криминални тендери и дрога од 5 тони, Македонија како мафијашки филм

ДЕСК

Мицкоски: Повеќе од 50 предмети за висока корупција кои со години биле затскриени се во постапка, ова е само почеток, украденото мора да се врати кај народот

ДЕСК