Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Северна Македонија е 36-та најбезбедна држава во светот

Институтот за економија и мир секоја година прави листа на најбезбедни и најмирољубиви држави во светот… На тој т.н. Глобален индекс на мир (GPI – Global Peace Index), почнувајќи од 2017 година, нашата држава напредува секоја година… На листата на држави од Западен Балкан стоиме најдобро, а во однос на државите од екс Југославија од нас се подобри само Словенија и Хрватска…

Еве како одел прогресот на Македонија во последниве шест години:

  • 2017 – 103
  • 2018 – 87
  • 2019 – 65
  • 2020 – 62
  • 2021 – 40
  • 2022 – 36

За најбезбедна држава во светот се смета Исланд, а на последните три места на оваа листа од 163 држави се Сирија, Јемен и Авганистан… Кина се наоѓа на 89-тото место, САД се на 129-то, а Русија на 160-то место!

Извор: 2022 Global Peace Index – Vision of Humanity

Можеби ќе ве интересира

ДЕНЕСКА МОЖНА БЛОКАДА НА МАГИСТРАЛЕН ПАТ – Протест во Крива Паланка од 11 часот поради неконтролираното движење на добиток

ДЕСК

ДЕЖУРНИ ЛЕКАРИ И АПТЕКИ ВО САБОТА – Каде граѓаните можат да ги проверат здравствените услуги

ДЕСК

СДСМ: Крпен живот, кошничката се доближи до 71.000 денари – само за храна се потребни 26.000 денари

ДЕСК