Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Министерот Спасовски во Берн, Швајцарска Конфедерација, ќе потпише Меморандум за разбирање со министерката за правда и полиција, Келер-Сутер

Во текот на овие два дена (06-07.11.2022), министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, предводи делегација од Министерството за внатрешни работи, во работна посета на Швајцарската Конфедерација.

Денеска, (06.11.2022) министерот Спасовски во Тринген ќе се сретне со наши сограѓани, во македонската православна Црква, „Св. Наум Охридски”, согласно веќе воспоставената практика за време на работните престои во странство да остварува средби со наши исселеници под мотото „Го слушаме гласот на сите, секој еден е важен!”, а со цел да се иницираат и забрзаат веќе отпочнатите активности за подобрување на условите на нашите граѓани во државите во кои живеат.

Утре, (07.11.2022), министерот Спасовски ќе оствари работна средба во Берн со неговата колешка, министерката за правда и полиција на Швајцарската Конфедерација, Карин Келер-Сутер, а по повод потпишување на Меморандум за разбирање помеѓу Владата на Северна Македонија и Швајцарскиот Федерален совет за воспоставување на партнерство за миграција. По потпишувањето на Меморандумот следува изјава од министерот Спасовски за швајцарските медиуми.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: СДСМ поднесува кривични пријави за Алта банка, бандата ќе одговара

ДЕСК

ИМ ГО БЛОКИРАЛЕ ПАТОТ СО АВТОМОБИЛИ, ПА ФИЗИЧКИ ГИ НАПАДНАЛЕ – Двајца млади гостиварци повредени во ноќен инцидент

ДЕСК

ДЕНЕСКА ДО 21 СТЕПЕН, НО СЛЕДУВА ПРЕСВРТ – Магла, дожд и силен ветер, а потоа заладување

ДЕСК