Centar.mk
БИЗНИСИЗБОРТЕМА

Убава вест: Се зголемува повратокот на данок преку Мој ДДВ, од 1800 на 2100 денари од први јануари 2023

Обезбедени се средства, имавме голема заложба и мерката Мој ДДВ ќе продолжи да се реализира, на задоволство на сите, со зголемен лимит на 2.100 денари, рече заменик претседателката на СДСМ, Сања Лукаревска, во интервју за Сител телевизија.

-Мерката Мој ДДВ даде резултат. Обезбедени се средства, повеќе од 2 милијарди се предвидени во буџетот затоа што ќе го зголемиме и лимитот. Како што ветивме од 2023 година ќе враќаме за едно тримесечие 2.100 денари кај граѓаните наместо досегашните 1.800 денари, рече Лукаревска

Во однос на информациите за можни злоупотреби и попречување на можноста за скенирање на фискалните сметки, Лукаревска рече дека надлежните институции се редовно на терен и интервенираат да може процесот на скенирање фискални сметки непречено да тече.

Можеби ќе ве интересира

РОКОТ ИСТЕКУВА НА ПРВИ ЈУНИ: УЈП со важно известување до граѓаните во врска со даночните пријави

ДЕСК

Среќна вест: Халк банка веќе ги исплати пензиите за мај

ДЕСК

ЕУ КАКО НАЈВАЖЕН ПАРТНЕР: Македонскиот извоз најмногу се потпира на европските пазари

ДЕСК