Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка – Сида, Карин Јемтим

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Карин Јемтим, генерална директорка на Шведската агенција за меѓународна развојна соработка – Сида.

На средбата се разговараше за севкупните активности на агенцијата во Република Северна Македонија, реализираните и тековните проекти, како и плановите во рамки на регионалната стратегија за соработка со земјите од Западен Балкан во новиот 7-годишен програмски период, што почна во 2021 година.

Претседателот Пендаровски се заблагодари за севкупната поддршка што Кралството Шведска преку Сида ја дава за унапредување на реформските процеси во Северна Македонија, а во функција на напредокот на државата кон интеграцијата во Европската Унија.

Претседателот Пендаровски посочи и на важноста на развојната поддршка во сферата на енергетиката, заштитата на животната средина, локалниот економски развој, но и проектите од областа на заштитата на човековите права и демократскиот развој со акцент на родовите прашања, малцинските групи и политиките за антикорупција.

Можеби ќе ве интересира

АРАМИСКА СТОРИЈА ВО ЦЕНТАР: Клиент без пари го нападнал доставувачот и ги зел производите

ДЕСК

НЕСРЕЌА НА УЛИЦА „ИЛИНДЕНСКА“: Малолетник со електричен тротинет удрил во триесет и двегодишна жена

ДЕСК

Филипче: На Самитот во Тиват ЕУ испрати порака дека вратите се отворени, не смееме да ја пропуштиме шансата

ДЕСК