18.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Спасовски во посета на акедонскиот Културно-информативен центар во Тирана, каде во моментов е поставена изложба на нашиот уметник Зоран Кардула

За време на работниот престој во Тирана, со посебно задоволство го посетив македонскиот Културно-информативен центар во Тирана, каде во моментов е поставена изложба на нашиот уметник Зоран Кардула. Ова пријатно катче беше отворено минатата година како место за иницирање на нови идеи за бројни заемни активности во областа на културата и уметноста, и тоа во музичко-сценската, драмската, литературната и издавачката дејност, но и простор каде што ќе се промовира македонската култура, традиција и уметност во соседна Република Албанија, мост меѓу Истокот и Западот, изграден за запознавање и соработка на две културно богати европски земји, напиша министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски на фејсбук.

– Ова е одлична можност и за навремено и изворно информирање на граѓаните за актуелните културни текови во нашата држава.

Бидејќи, како што вели и директорот на овој Културно-информативен центар, Златко Ориѓански, не постои на светов таква култура, без да се меша со друга култура, не постојат нации и народи што не се комплекс од разно разни влијанија, мешајќи се со други народи.

Можам да кажам дека токму тука, каде што се собираат прогресивните умови се изразува и европскиот дух, којшто автентично го негуваат и афирмираат и Албанија и Северна Македонија, стремејќи се кон заедничкиот дом – Европската Унија, напиша Спасовски.

Спонзорирано: