13.8 C
Скопје
23. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАЗДРАВЈЕ

Сезоната на настинка и грип е пред нас: Ослободете се од херпесот брзо и целосно природно

Сезоната на настинки и грип е пред нас, а штом ќе ослабне имунитетот, се појавува проблем во вид на херпес на усните, кој може да биде крајно непријатен.

Херпесот на усните е болест предизвикана од вируси. Еве неколку предлози како да го решите тој проблем на природен и безболен начин.

Масло од чајно дрво
Се препорачува да се нанесува на погодената област на секои два часа. Можно е благо чувство на печење. Но, по само еден ден ќе заборавите на вашиот проблем.

Кујнска сол
Нанесете мала количина сол на погодената област неколку пати на ден.

Сода
Оставете 100 милилитри вода да зовријат, а потоа додадете во неа една лажичка сода, промешајте и тргнете ја од шпоретот. Натопете ги памучните брисеви во овој раствор и ставете ги на усните неколку пати на ден.

Лук
Лукот е природен антивирусен агенс. Две сечкани чешниња лук треба да се помешаат со лажица крем, лажица брашно и лажица мед. Ќе добиете одлична домашна маст против херпес, која ќе ја нанесете на заболеното место на усните.

Лушпа од јајце
Тенкиот филм од внатрешната страна на школка е одличен антиинфламаторно средство. Треба само да ја отстраните оваа мембрана и да ја ставите на болното место.

Спонзорирано: