23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.МАКЕДОНИЈА

Каевски: ВМРО-ДПМНЕ е несериозно, кочи мерки за помош на граѓаните во време на криза

Несериозен е односот на ВМРО-ДПМНЕ во сериозни времиња за европскиот пат, во време на светска економска и енергетска криза, оцени пратеникот и портпарол на СДСМ Дарко Каевски во емисијата 24 Анализа на 24 телевиизја.

– Гол популизам беа лагите на ВМРО-ДПМНЕ дека ќе се асимилираат Македонците, дека јазикот ќе биде, а гледаме дека денеска никој од нас не е асимилиран, напротив, имаме македонски јазик со чиста формулација без фусноти и додавки што се докажа со потпишувањето на Договорот за Фронтекс. Очекував дека вие како партија ќе им се извините на граѓаните за сите лаги што ги ширевте и со тоа ј вознемирувавте јавноста кога се гласаа заклучоците во Собрание“ порача Каевски кон Стефан Андоновски.

Каевски посочи дека ВМРО-ДПМНЕ во време на криза, не само што не помага на граѓаните, туку дополнително им го отежнуват животот.

– ВМРО-ДПМНЕ вели дека се потребни мерки за помош на граѓаните, а блокира законски решенија што обезбедуваат поддршка за грашаните. Законски решенија со мерки од последниот пакет со кои им се помага на илјадници граѓани од ранливите категории, со денови и денови пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ и претседател на Комисијата за финансирање и буџет, не ги става на дневен ред, иако заеднички се договоривме за потребата од итна постапка уште на 17 октомври. Само денеска пратениците не гласаа за важни закони како Законот за енергетика, Законот за енергетската ефикасност, кои се во интерес на граѓаните, порача Каевски.

Пратеникот Каевски посочи дека сите политички чинители треба да се посветат на процесот на реформи кои се важни за европската иднина затоа што членството во ЕУ е приоритет за сите политички партии и затоа секој треба да даде придонес, да се следи примерот на Хрватска, да се создаде сериозен консензус со цел процесот на преговори да заврши до 2030 година.