Centar.mk
ЛОКАЛНО

Започна реконструкцијата на патниот железнички премин Илинден

Во соработка со ЈП „Македонски железници и инфраструктура“, започна реконструкцијата на фреквентниот железнички патен премин Илинден, со што продолжува модернизацијата на локалната патна мрежа.

Реконструкцијата на железничкиот патен премин Илинден се врши со нова модерна подлога од рециклирани гумени елементи според највисоки стандарди, тоа ќе се овозможи брзо и лесно поминување преку железничката пруга, а ќе се намали и амортизацијата на автомобилите.

Увид во градежните активности во овој значен патен правец направи градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски, кој истакна дека од стратешко значење за општината е реконструкцијата на патните премини, со тоа ќе се зголеми безбедноста на сите учесници во сообраќајот, а граѓаните добиваат квалитетна патна инфраструктура.

Реконструкцијата на железничкиот патен премин Илинден се предвидува да биде завршен до крајот на неделата. Општина Илинден веќе ги реконструираше железничките патни премини во Дељадровци и Миладиновци.

Можеби ќе ве интересира

ДЕЛ ОД ОХРИД И ТРИ СЕЛА БЕЗ ВОДА – Дефект на главниот цевковод, прекинот започнал во 9 часот

ДЕСК

Започна големата еколошка акција „Зелена Општина Илинден“ – засадени декоративни садници во новиот парк во Дељадровци

ДЕСК

ДЕНЕСКА ПЛАНИРАНИ ПРЕКИНИ НА СТРУЈА ВО КАТЛАНОВО И МАЏАРИ – Објавени термините и улиците

ДЕСК