Centar.mk
вестМАКЕДОНИЈА

Средба Османи – Тлеуберди

Денес, министерот за надворешни работи Бујар Османи оствари средба со потпретседателот на Владата и министер за надворешни работи на Република Казахстан, Мухтар Тлеуберди, кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Во фокус на разговорите беа можностите за унапредување на билатералните односи, при што Османи ја поздрави одлуката на Владата на Казахстан да отвори Амбасада во Северна Македонија веќе од следната година, како ново поглавје во билатералните односи и доближување на граѓаните од двете земји.

Во контекст на билатералната соработка, Османи ја истакна важноста на продлабочувањето на економските и трговските врски.

“Сакам да ја поздравам успешната организација на македонско – казахстанскиот бизнис форум во Алмати, во септември оваа година, од каде се создадоа директни контакти и потенцијали за бизнис соработка меѓу двете економии. Следејќи го овој успех, дозволете да најавам дека во пролет идната година планираме одржување на бизнис форум овде во Скопје, во Северна Македонија во заедничка организација со Казахстан” истакна Османи, најавувајќи исто така, значајни одлуки од првата седница на Меѓу-владината комисија за трговско – економска соработка, која ќе се оддржува наредните два дена, во Скопје.

Министрите разговараа и за можноста од воспоставување директна авиолинија меѓу Северна Македонија и Казахстан, со цел поквалитетно поврзување меѓу регионите на Западен Балкан и Централна Азија.

Османи и Тлеуберди се осврна на мултилатералната соработка, особено во рамки на ОБСЕ, со која Северна Македонија ќе претседава во 2023 година.

Министрите разменија мислења и за последиците на руската инвазија врз Украина, енергетската криза, како и предизвикот со достапноста на храната.

Можеби ќе ве интересира

Згасна животот на маж во Поликлиниката Бит Пазар, телото испратено на обдукција

ДЕСК

НОЌНА ДРАМА НА БИТ ПАЗАР – Пламен зафатил „ауди“, сопственикот и соседите го изгаснале пожарот

ДЕСК

ТЕПАЧКА ВО ГАЗИ БАБА – Физичка пресметка меѓу 59-годишен и 26-годишен скопјанец, следува поднесок

ДЕСК