Centar.mk
МЕТЕОТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Толку беше: Доаѓаат дождови и температури близу нула степени – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

До четврток ќе се задржи претежно сончево и топло време. Во петок облачноста ќе се зголеми, а за време на викендот ќе преовладува претежно облачно, врнежливо и значително посвежо време.

Oд саботасиноптичарите најавуваат значително намалување на температурите и врнежи од дожд. Максималната температура за викендот нема да надмине 15 степени. И во сабота и во недела се најавуваат интензивни врнежи од дожд кои на некои места ќе бидат и пообилни.

Прогноза за 03.11.2022
Минимална температура: 2°C до 11°C
Максимална температура: 20°C до 25°C
Сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Прогноза за 04.11.2022
Минимална температура: 2°C до 9°C
Максимална температура: 18°C до 23°C

Сончево со мала до умерена облачност и со слаб до умерен ветер од југозападен и југоисточен правец.

Прогноза за 05.11.2022
Минимална температура: 4°C до 11°C
Максимална температура: 14°C до 19°C

Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на места пообилни. Ќе дува умерен до засилен југоисточен ветер.

Со почетокот на наредната недела практично можеме и да заборавиме на сончевото време. Ќе доминираат облаци а утринските температури ќе се доближуваат до нула степени додека максималните дневни нема да бидат над 13 степени.

Можеби ќе ве интересира

„ЕУ за општините“ го објави првиот практичен прирачник за управување со проекти финансирани од ЕУ

ДЕСК

Јаневска: Реформската агенда ни наложува промени во високото образование, за тоа е потребна и нова законска рамка што сега ја креираме

ДЕСК

Божиновска: Рубинот инспирација за иднината – уметност и геологија се споија со цел ресурсите да ги претвораме во знаење, вредност и иднина

ДЕСК