Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Петровска: Армијата нема да потклекне на дезинформации за дестабилизација на општеството

Од почетокот на руската агресија на Украина, Северна Македонија е на „приоритетната листа“ на непријателските земји, кои што имаат цел да го вознемират или дестабилизираат општеството, преку пласирањето на дезинформации, рече во гостувањето на “Топ тема” министерката за одбрана, Славјанка Петровска.

-Ако го анализираме примерот на Министерството за одбрана и Армијата, ќе се види класичен пример за тие дезинформации. Се сеќавате на мојата прва изјава во која беше евидентна поддршката за Украина, веднаш почнаа нападите прво против мене лично, а потоа и против Армијата, додаде таа.

На прашањето околу тогашните „мемиња” на социјалните мрежи дека Петровска ќе војува со Путин, министерката вели дека не ги доживува лично.

-Тоа и не го сфаќав лично затоа што сфатив за што станува збор. Лично ми пречеа нападите и обидите да се омаловажи трудот на АРМ, тоа ме вознемири многу. Војниците не заслужуваат да бидат предмет на дезинформации, лаги, со цел да се поткопа довербата особено на граѓаните во системот, рече Петровска.

Можеби ќе ве интересира

СТАТУСОТ НА ГРУЕВСКИ ВО УНГАРИЈА ПОВТОРНО ВО ФОКУС: Државјанството му дава посилна заштита?

ДЕСК

ВРЕМЕТО ЌЕ ИЗНЕНАДИ: Од сонце и топлина до пороен дожд и грмежи

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА НЕ ПРОСТУВА: Девет возачи завршија во станица по опасно возење

ДЕСК