Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тупанчески: Новиот Закон за вештачење влегува во владина процедура

Со новиот Закон за вештачење кој за десетина дена ќе влезе во владина процедура се очекува да се надминат сите недостатоци и дефекти кои се случуваат во моментов во оваа сфера. Ова го најави министерот за правда Никола Тупанчески одговарајќи на новинарски прашања по промоцијата на дигиталната судница во Основниот кривичен суд Скопје.

,,Констатирани се дефектите и јас мислам дека тоа законско решение ќе овозможи решавање на сите досегашни наталожени проблеми почнувајќи од тоа како ќе биде изработен регистарот на вештаци, како ќе се добива лиценца и т.н. Законот ќе содржи прецизни правила за тоа како ќе се одвива вештачењето во иднина”, рече Тупанчески.Прашан за тоа што може министерството да направи за предметот за случајот „Ласкарци“ кој подолго време го чека супер вештачењето, Тупанчески потенцира дека не сака да коментира одделни случаи.,,Министерството за правда се обидува, во рамки на своите ингеренции, на создавање на оптимални услови, но работата за правораздавање е сепак работа на судовите и останатите субјекти кои се учесници во постапките”изјави Тупанчески.

Можеби ќе ве интересира

Поповиќ: Под притисок на власта Уставен суд го укина колективниот договор – преседан против 2.000 работници во култура

ДЕСК

Станови со 20% попуст и нула комуналии за изградба на сопствен дом, инвеститорите ќе издвојуваат 10% од становите за млади брачни парови – најави ВМРО ДПМНЕ

ДЕСК

СДСМ: Како буџетот е предизвик за Мицкоски кога сме трета економија во Европа?

ДЕСК