Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

Важна вест од УЈП во врска со Мој ДДВ

Управата за јавни приходи (УЈП) соопшти дека утре се можни прекини на електронските услуги на системот поради планирани активности и интервенции во делот на ИТ-системот.

– Управата за јавни приходи ги известува даночните обврзници и корисниците на електронските услуги на системот е-Даноци, дека поради планирани активности и интервенции во делот на ИТ системот на УЈП, утре, 29.10.2022 година, (сабота), во период од 09 до 17 часот, може да има прекини на е-услугите, во функционирањето на МПИН системот, со што ќе се примаат пресметки по меил, но, пресметките нема да може да се обработуваат и да се генерираат декларации, а во прекин ќе бидат и е-ПДД и мојДДВ. Штом завршат активностите, системот ќе биде ставен во функција по што ќе може да се користат и Е – услугите, се наведува во соопштението од УЈП.

Апликацијата „МојДДВ“ не работеше и изминативе денови, кога пристапот беше оневозможен во утринските часови, а апликацијата за скенирање фискални сметки „проработуваше“ околу пладне. Не функционираа ниту веб-страницата и системот за корисници на Катастарот.

Можеби ќе ве интересира

Работникот не е изморен само од работа, туку од тоа што трудот не носи мир

ДЕСК

Мицкоски: Од Владата до општините за капитални инвестиции се предвидени половина милијарда евра

ДЕСК

Првиот заменик претседател на Владата и министер за европски прашања Беким Сали ја отвори МБТ конференцијата 2026 во Скопје

ДЕСК